ФОТО: Родман во посета на Ким Џонг Ун

Од:

Некогашната кошаркарска звезда, Денис Родман, повторно е во посета на Пјонгјанг.

Во медиумите кружат шпекулации дека Родман ќе бара ослободување на Кенет Беа, кој што е осуден на 15 години затвор, поради тоа што се обиде да ја урне северно-корејската влада.

rodmanSK

-Не одам во Северна Кореја за да преговарам за ослободување на Беа. Одам на уште една рунда „кошаркарска дипломатија“ – изјави тој, пренесе „Ројтерс“.

Поранешната звезда во текот на посетата на Северна Кореја во февруари од Ким Џонг Ун побара ослободување на американскиот државјанин.

rodmanSK1

Неговата посета беше во време на тензиите помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон и не беше одобрена од американскиот Стејт департмент.

rodmanSK2

Кенет Беа, е уапсен во Северна Кореја во ноември. Врховниот суд го осуди на 15 години тешка работа поради наводно „непријателско дејствување“ против државата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови