Папата Френсис во затворот за малолетници Касал дел Мармо изми нозе на дванаесетина момчиња и девојчиња, кои што се обвинети за различни престапи.
Мојата должност како бискуп е да бидам слуга, а тоа доаѓа од моето срце – изјави папата.
Пред затворот папата го дочекаа бројни верници, кои што изразија задоволство што ќе ги смени обичаите во црквите и што вербата ќе ја приближи до луѓето кои што живеат на маргините во општеството.
Животните приказни на младите лица во римскиот затвор се многу тешки, на многумина и родителите им се во затвор.
Елена Георгиевска