Дали некогаш сте се запрашале во какви канцеларии работата претседателите на државите од регионот, колку советници имаат и колку пари трошат на годишно ниво?
Словенечкиот претседател работи во иста зграда со Владата, па често истите сали ги користи за приеми и протоколи. Во канцеларијата има седум вработени, пет советници, шеф на кабинетот и секретарка. Пресметката за 2015 година изнесува речиси 200.000 евра, а сите словенечки претседатели живееле во свои куќи или станови.
Претседателот на Република Српска живее во палата која што е изградена во 1936 година за време на банот Светислав Милосављевиќ. Од 2002 година оваа зграда е на листата на национални споменици на БиХ, а со одлука на владата на РС е доделена на трајно користење на институцијата претседател.
Претседателот на Словачка живее во палатата Грасалкови, која што датира од крајот на 18-от век и која е изградена во роко-барок стил. Во канцеларијата се вработени 75 лица, а пресметките покажуваат дека тој трошат околу 3,5 милиони евра.
Палатата Котрочени е местото каде што се наоѓа канцеларијата на романскиот претседател Клаус Јоханис, а со него работат уште 15-20 советници. Оваа палата во 1991 година стана претседателска резиденција, а едното крило е национален музеј.
Стражата пред канцеларијата на бугарскиот претседател е туристичка атракција. Податоците од 2003 година покажуваат дека за претседателот работеле околу 155 лица, но не е познато колку пари се трошени на годишно ниво.
Унгарскиот претседател државата ја води од палатата Шандор, која што е обновена во 2002 година , а претседателот го чува почесна стража.
Е. Г.