ФОТО: Ова е дел од рускиот воен арсенал

Од:

Иако денес Русија можеби не се смета за толку голема воена сила како некогаш, од како Владимир Путин во 2012 година повторно беше избран за претседател, руските вооружени сили доживеаја значаен пресврт.

Според наводите рускиот годишен воен буџет изнесува 70 милијарди долари и е трет по големина во светот. Државата може да се пофали со 845.000 војници, 22.550 тенкови и 1.399 борбени авиони.

Војската е поделена на помали, динамични бригади, при што е ставен акцент на новите технологии, а не на грубата физичка сила. Ова е само дел од најопасниот руски воен арсенал:

Ракета што лебди од класата „Бора“

Станува збор за катамаран, односно два трупа, кои меѓу себе се составени со платформа, на која се наоѓаат 8 противбродски ракети „Москит“ и 20 противавионски ракети. Секој брод има до 68 члена во екипажот, а се движат со брзина од 100 километри на час.

Панцир С1

Станува збор за ракетен систем за противвоздушна одбрана, кој содржи ракети земја- воздух, од краток и среден домет. Покрај 12-те ракети поседува и два автоматски топа со калибар од 30 мм, кои можат да уништат авиони, хеликоптери, балистички и крстосувачки ракети.

Невидлива подморница „Новоросијск“ е прва од шестте невидливи подморници на дизел-електричен погон.

Нејзините иноватори тврдат дека благодарение на стелт технологијата не може да се детектира кога ќе се нурне во вода.

Млазниот ловец „Миг 35“

Повеќенаменскиот млазен авион ловец „Миг 35“ е ефикасен во борба во воздух, но има моќ од голема одалеченост прецизно да погоди цели на земја и на море. Овој авион достигнува брзина од 2.400 километри на час, иако за 30 проценти е полесен од својот претходник. Се користи претежно за извидувачки мисии.

Ракетиот систем „БУК 2“

Ракетниот систем „БУК 2“ е машина која наводно го собори малезискиот авион над Украина. Ракетите 9 М317 имаат домет од 14 километри, а овој систем носи боеви глави од 70 килограми.

ПЦ-24 „Јарс“

Овој термонуклеарен интерконтинентален балистички ракетен систем кој може да носи повеќе нуклеарни боеви глави со индивидуално наведување има домет од 16.000 километри. Тој е проектиран да ги замени балистичките ракети „Топољ –М“ а во употреба е од 2012 година. Секој проект има сила од 1.000 „Малиши“ (атомската бомба која во август 1945 година, беше фрленана Хирошима).

„Руски конкорд“ „Тупољев Ту-160“ е најголемиот надзвучен борбен авион.

Дизајниран е во 1980-тите години во Советкиот Сојуз. Неговите мотори се појаки од кое било борбено летало и може да носи вооружување тешко и до 40.000 тони. Во употреба моментално има 16 вакви авиони.

Тенк Т-90 Т-90 е најсовремениот борбен тенк во руските вооружени сили.

Негово главно оружје е тенк со цевка со калибар од 125 мм за противтенковска борба, но има и тежок противавионски митралез на далечинско управување.

„Бореи“ подморница со балистички ракети

Оваа нуклеарна подморница со балистички ракети е тешка 14.700 тони, што значи дека е малку полесна од своите претходници од класата „Тајфун“. Има 16 балситички ракети „Булава“ од кои секоја има околу 6 до 10 боеви глави со домет од 8.300 км.

Руски хеликоптер за јуриш Ми-28 Хавок

Основно вооружување на хеликоптерот на Руското воено воздухопловство и војска е топот „Шипунов“ со калибар од 30 мм, кој може да носи четири противтенковски ракети, носач на ракети или носач на топови.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала