ФОТО: Напаѓач уби шест лица во Флорида пред да биде застрелан од полицијата

Од:

Напаѓач во станбен блок во јужниот дел на Флорида уби шест лица пред да биде застрелан од специјалните единици на полицијата, пренесува ДПА.

Нападот почнал синоќа во 18.30 часот по локално време во петкатна зграда во Хиалеа, северно од Мајами и траел неколку часа.

pukanjeLugeПолицијата откри тела на две лица, застрелани на приземјето, пред еден од апартманите и уште три лица убиени на друг кат од зградата. Уште едно лице е убиено на улица, откако напаѓачот пукал во него од зградата.

Двајцата заложници, што ги земал напаѓачот, се спасени од полицијата.

pukanjeLuge1

Според весникот „Мајами Хералд“ причина за нападот е спор за еден од апартманите во зградата. Брачната двојка, која управувала со зградата, била застрелана од напаѓачот додека му поднесувала жалба од друг станар.

Во зградата живеат 90 семејства.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа