ФОТО: На дно на базен направил кукаст крст

Од:

Полициски хеликоптер во бразилскиот град Помероде на дно на базен, кој се наоѓа во состав на една приватна куќа, снимил кукаст крст, формиран од плочки во темна боја.

Полицајците снимката ја направиле случајно, додека истражувале еден случај на киднапирање во сојузната држава Санта Катарина.

Локални официјални лица изјавиле дека против сопственикот на куќата нема да биде покрената постапка, бидејќи тој не промовира нацизам, како и поради тоа што знакот веќе 13 години се наоѓа во неговиот базен.

10836303_10205396729263609_138274340_n

Инаку иако станува збор за древен симбол на неколку народи, тој најчесто се поврзува со Адолф Хитлер и неговата партија која овој знак го има усвоено во 1920 година. Што се однесува до регионот Санта Катарина, тој дел од Бразил е населен со мигранти од Геманија и Австрија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски