ФОТО: Мапа која покажува кои држави биле окупирани

Од:

Сајтот „Vox“ објави мапа која покажува кога европските и неколку држави на Блискиот исток, последен пат се окупирани од некоја странска сила.

И покрај пропустите, мапата изобилува со интересни историски податоци. По Втората светска војна, Европа беше изненадувачки успешна во избегнувањето војни, а од крајот на Студената војна, главно избегнуваше странска окупација и освојувања.

Единствена современа европска држава која никогаш не беше окупирана е Велика Британија, бидејќи Англија, Велс и Шкодска се обединија и го формираа Обединетото Кралство во 1707 година.

mapaVojniOkupacija

Швајцарската политика на неутралност се покажа како многу ефикасен начин за спречување на странска окупација.

Иако е погрешно напишана, Југославија односно територијата на Србија последен пат е окупирана во 1945 година, а според мапата тоа го направила Германија. За поранешните републики Хрватска, Словенија и БиХ е наведена годината кога тие излегоа од Југославија.

За Црна Гора пак е наведена 2006 година, кога оваа држава со референдум се одвои од Србија.

Соединувањето на Крим со Русија и „игрите“ во источна Украина се закануваат дека ќе го загрозат договорот помеѓу европските држави, според кој недозволиво е да се водат војни за освојување на територија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната