ФОТО: Како изгледа затвор во Норвешка?

Од:

Во Норвешка се наоѓа затворот Халден, кој неодамна беше прогласен за најхуман во светот.

Затворениците во оваа зграда која чинеше 25 милиони евра имаат многу удобно сместување.

Секоја „ќелија“ има фрижидер, телевизор и бања. Не само што просториите немаат решетки, туку имаат и прозорци, со цел затворениците да имаат повеќе светло.

Затвор Норвешка

Заедничката кујна, наменета за 10-15 затвореници ги има сите потребни апарати и уреди.

Во зградата се наоѓа и студио каде затворениците можат да експериментират и снимаат песни. Исто така, на располагање им е голема библиотека, фитнес центар, ѕид за рекреативно качување, како и првокласна медицинска и стоматолошка услуга.

Затвор Норвешка

Во овој затвор претстојува и Андерс Брејвик, кој отслужува казна затвор од 21 година заради убиство на 77 лица во текот на 2011 година.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ