ФОТО: Џон Кенеди барал проститутка која личи на Џеки

Од:

Поранешниот американски претседател Џон Ф.Кенеди, кој почина пред околу половина век се уште важи за контроверзна личност, поради тоа што константно се појавуваат факти од неговиот живот.

Најново е тоа што од таканаречената мадам, барал да му најде проститутка која личи на Џеки, но да биде секси.

Кенеди наводно бил само еден од големиот број познати лица кои ги користеле услугите на парискиот ланец на проституција.

dzeki-dzon-kenedi1

Американскиот адвокат и писател, Вилијем Стади кој напишал неколку биографии за познати личности, се сеќава на една средба со мадам Клауди, која всушност и му раскажала контроверзии од животот на убиениот американски претседател.

-Тогаш беше доволно слободна да ми ги каже имињата. Меѓу нив беше и Џон Кенеди, кој барал проститутка која изгледа како Џеки, но да биде секси – вели писателот.

Никој не го знае точниот број на проститутки кои Кенеди ги изнајмувал, но неговите телохранители стравувале дека тој лесно можел да стане жртва на шпионирање и уцени во време кога САД и СССР биле на работ од нуклеарна војна.

-Имал обичај да биде во друштво на дами чии што карактери биле сомнителни -вели Антони Шерман, агент на тајна служба во документарец за АБЦ во 1997 година.

dzeki-dzon-kenedi3

Лари Сабато автор на „The Kennedy Half-Century: The Presidency, Assassination and Lasting Legacy of John F. Kennedy”, рекол дека најмладиот претседател на Америка бил зависник од секс и дека секојдневно се сретнувал со проститутки.

-Беше многу невнимателен. Постојано ја ризикуваше кариерата и семејството. Странските тајни агенции сигурно знаеле за неговото однесување – рече Сабато за „Франс прес“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД