ФОТО: Џихадисти чуваат четиригодишно момче, чиј што татко загинал

Од:

Кубанката, Лидија Солан Херер, која што живее во италијанската провинција Венето, благодарение на фотографија од социјалите мрежи дознала дека е жив нејзиниот четиригодишен син, кого татко му минатата година го киднапирал и однел во Сирија.

Исмар Месиховиќ кој потекнува од Добој, во БиХ, во тек на борбите во Сирија загинал, а Лидија речиси една година не знаела дали е живо нејзиното дете.

ismar1

Италијанската полиција потврдила дека Исмар бил регрутиран од мрежа на џихадисти во Италија, која што била во тесна врска со Билал Босниќ.

-Убедена сум дека тоа е мојот син, ист е. Ве молам однесете ме кај него- рекла таа веднаш откако ја видела фотографијата.

На сликата се гледа момче на возраст од четири години, со пушка преку рамо, црна блуза и обележје на борци на Исламска држава.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Исмар пред да замине во Сирија живеел во Италија, со својата сопруга Лидија која не сакала да ја смени својата вера.

ismar2

Тој најпрвин го однел детето во Германија каде што живеат неговите родители, од каде што заедно требало да заминат во Босна, по што го однел во Сирија. Лидија вели дека понекогаш добивала пораки од родителите на Исмар во кои пишувало дека детето е добро.

Последната порака дека момчето е во ред, ја добила минатата недела од Македонецот Мунифер Каламески, пријател на нејзиниот сопруг, кој исто така заминал во џихад за да им се приклучи на борците во Сирија.

Инаку италијанската полиција се уште со сигурност не може да потврди дека момчето од фотографијата е синот на Лидија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска