ФОТО: Две лица загинаа, 30 се повредени на аеродром во Мајами

Од:

Две лица загинаа, а 30-тина се повредени, кога автобус што превезувал патници, удрил во носечки ѕид на терминалот за пристигнување на аеродромот во Мајами.

Како што пренесуваат агенциите, автобусот бил повисок од три метри, колку што е висината на покривниот простор во тој дел на пристапот на аеродромот, но возачот и изјавил на полицијата дека не знаел за тоа.

Автобусите на меѓународниот аеродром во Мајами поминуваат низ терминалот за заминување, каде што носечката конструкција е многу повисока.

Полицијата соопшти дека автобусот припаѓа на приватна компанија и се претпоставува дека сите патници биле локални жители, а не туристи.

Во моментот на ударот во бетонската конструкција, автобусот се движел со брзина од околу 35 милји на час.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху