Само неколку часа откако белиот чад излезе од оџакот на Сикстинската капела, граѓаните на небото, над јужна Флорида забележаа облак во кој наликувал на ангел.
Очевидецот Дајен Барнвел го снимила необичниот облак додека стоела пред трговскиот центар во Велингтон.
На мене навистина ми изгледаше како ангел. Помислив дека ова е нешто посебно. Знам дека папата е избран тој ден, па можеби тоа е знак дека Господ е задоволен со тоа – изјави таа.
Жителите од Флорида на медиумите им испратиле фотографии од необичниот облак.
Одредени луѓе сметаат дека се работи за фотошоп, додека свештеникот од црквата „Св. Ана“ во Велтпалмбич, вели дека облакот наликува на Исус Христос и Светиот Дух кои заедно порачуваат дека доаѓаат подобри времиња.
Луѓето ќе видат различни работи, но јас мислам дека ова е значајно за сите верници, доколку ни дава инспирација – изјави свештеникот.
Елена Георгиевска