„Форин полиси“: Русија планира постинвазиска кампања за апсење и атентати во Украина

Од:

САД имаат разузнавачки информации дека Русија подготвува списоци со украински политички фигури и други политички противници од висок ранг кои ќе бидат цел на апсење или атентат во случај на руски напад врз Украина, објави „Форин полиси“ (Foreign Policy).

Четири лица запознати со американското разузнавање изјавија за „Форин полиси“ дека ако Русија продолжи со плановите за инвазија на Украина, таа може да биде насочена кон истакнати политички противници, активисти за борба против корупцијата и белоруски и руски дисиденти кои живеат во егзил.

Петтиот извор, американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, истакна дека САД ја намалуваат својата разузнавачка класификација со цел да ги споделат заканите за одредени групи во Украина со украинските владини претставници и другите партнери во регионот.

– Како што видовме во минатото, очекуваме дека Русија ќе се обиде да наложи соработката преку заплашување и репресија, изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

– Овие дејствија, кои во минатите руски операции вклучуваа таргетирани убиства, киднапирања/присилни исчезнувања, притворања и употреба на тортура, најверојатно ќе бидат насочени кон оние кои се против руските акции, вклучително и руски и белоруски дисиденти во егзил во Украина, новинари и анти- корупциски активисти и ранливи популации, како што се верските и етничките малцинства, додаде функционерот.

Портпарол на украинскиот претседател Володимир Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар на „Форин полиси“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Песков: Приказните за можно испраќање војници од земјите на НАТО во Украина се опасен тренд

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање