Форин Офисот најави соодветни мерки како одговор на најновата кавга околу Гибралтар

Од:

Британскиот Форин Офис соопшти дека Владата во Лондон ќе ја разреши најновата расправија со Шпанија, околу Гибралтар, со политички средства и со соодветни мерки.

Соопштението е одговор на Велика Британија на одлуката на шпанските власти да ги засилат и да ги оддолжат проверките на граничниот премин меѓу Гибралтар и Шпанија кои изминатиот викенд предизвикаа долги колони и повекечасовно чекање за патниците и возилата.

Властите во Мадрид тврдат дека зголемената контрола е воведена како мерка против шверцот, но во Гибралтар тврдат дека станува збор за „одмазда“ на Шпанија, затоа што властите во оваа британска прекуморска територија почнаа да градат вештачки брег во морето.

Шпанските власти инсистираат дека брегот се гради само за да ги попречи рибарските од Шпанија, да влегуваат во гибралтарските територијални води.

Форин офисот се одлучи да реагира со „контра мерки“, откако шпанскиот министер за надворепни работи Хозе Мануел Гарсија Маргаљо вчера најави воведување на специјална такса од 50 евра, за секое влегување и излегување од Гибралтар,преку граничниот премин со Шпанија.

Во соопштението, официјален Лондон уште еднаш ги истакнува „цврстите врски“ на територијата со Велика Британија.

– Околу суверенитетот на Гибралтар нема да има никаков компромис, се вели во соопштението на Форин Офис, но во истовреме се инсистира и на желбата на Велика Британија да има „цврсти врски“ и со Шпанија.

Шпанскиот министер за весникот „АБЦ“ од Мадрид навести и други контра мерки против Гибралтар, споменувајќи истрага за околу шест илјади Гибралтарци, сопственици на имоти во околните шпански реони, потоа забрана за пренос на бетон и градежен материјал во Гибралтар, преку граничниот премин со Шпанија, како и затворање на шпанскиот воздушен простор за летовите кон Гибралтар.

Велика Британија и Шпанија се расправаат околу суверенитетот на оваа територија веќе 300 години, откако во 1713 година Британците со меѓународен договор го добија правото за поседување на Гибралтар.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови