Форензичарите не успеаја да го потврдат убиството на 43 студенти во Мексико

Од:

Експерти на Институтот за форензика во Инсбрук во Австрија, не успеја да потврдат дека остатоците од човечки тела најдени во едно речно корито во југозападно Мексико им припаѓаат на исчезнатите студенти за кои Јавното обвинителство во Мексико Сити верува дека се брутално убиени.

Според изјавата на претставник на Обвинителството, австриските форензичари не успеале да откријат доволно ДНК во изгорените остатоци, за кои истражните органи сметаат дека се од убиените студенти.

Институтот во Инсбрук сега им предлага на мексиканските власти нова и посложена анализа за пронаоѓање на траги од ДНК што би била направена по три месеци, но засега нема одлука дали тие ќе се определат за повторена потрага по докази.

На 26 септември минатата година, 43 студенти кои беа на обука за учители, исчезнаа од градот Игуала.

Тие претходно учествувале на протестите во градот и биле уапсени од локалната полиција. Потоа им се губи трагата, иако истрагата откри дека полицијата им ги предала сите студенти на една локална нарко банда, за која се верува дека ги ликвидирала, ги запалила нивните мртви тела, а пепелта ја расфрлиле во коритото на реката.

Мексиканската полиција од почетокот тврдеше дека остатоците што успеале да ги најдат се тешко оштетени, но потврда за масакрот врз студентите дојде од тројца припадници на бандата кои беа уапсени. На сослушувањето тие признаа дека студентите ги добиле од полицијата и ги убиле, но мислеле дека тие се припадници на некоја друга,соперничка банда.

Исчезнувањето на групата студенти предизвика масовни протести во провинцијата каде се наоѓа Игуала и низ Мексико. Демонстрантите ја обвинуваа власта за поврзаноста на политичарите и криминалните банди.

Градоначалникот на Игуала и неговата сопруга, како и шефот на локалната полиција побегнаа, откако беа обвинети дека соработувале при предавањето на студентите, но беа откриени и уапсени.

Семејствата на студентите се пожалија дека никој досега не ги известил за неуспехот на странските форензичари да се најдат докази за ликвидација на студентите, што инаку тие ја бараа, не верувајќи во непристрасноста на домашните експерти. Сега велат дека властите не ги консултирале ниту за тоа дали се согласуваат да се продолжи со потрагата по ДНК траги, во она што е најдено во речното корито.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви