Фон дер Лајен за залага Путин да биде изведен пред лицето на правдата за злосторствата во Украина

Од:

Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен вчера се заложи рускиот претседател Владимир Путин да се појави пред Меѓународниот суд на правдата за воените злосторства извршени во Украина.

-Путин мора да ја изгуби војната и да одговара за своите постапки, тоа е важно за мене, изјави Фон дер Лајен за телевизискиот канал на германскиот весник „Билд“.

Според неа, нема сомнеж дека во Украина се извршени воени злосторства од почетокот на руската офанзива на крајот на февруари.

Фон дер Лајен, која вчера по трет пат беше во посета на Украина, во интервјуто кажа дека го поддржува собирањето докази за постапката пред Меѓународниот суд на правдата.

-Темелите на системот на меѓународното право бараат за таквите злосторства да се одговара и, на крајот на краиштата, за нив е одговорен Путин, додаде претседателката на ЕК.

Запрашана за веројатноста Путин еден ден да биде изведен пред меѓународната правда, таа одговори дека мисли дека тоа е можно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски