Фон дер Лајен: Велика Британија да го почитува договорот

Од:

Велика Британија мора да го почитува својот договор за повлекување од ЕУ, ако сака да има договор за идните односи со Унијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа ова го напиша на Твитер откако во медиумите се појавија написи дека британската Влада планира да ги смени клучните делови од договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

– Верувам дека британската Влада ќе го спроведе договорот за повлекување, обврска дадена според меѓународното право и предуслов за секоe идно партнерство, напиша таа.

Фон дер Лајен додаде дека протоколот за Ирска и Северна Ирска е клучен за зачувување на мирот и стабилноста, како и на интегритетот на слободниот пазар.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон