Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен има намера да свика видео-конференција со лидерите на Унгарија и другите земји-членки на ЕУ, кои се противат на роковите за целосно напуштање на купувањето руска нафта, објави „Политико“.
Шестиот пакет санкции против Русија се очекува да се случи до крајот на оваа година. Медиумот не наведува други земји, но се знае дека меѓу незадоволните се и Бугарија и Чешка. Видеоконференцијата треба да се одржи во следните 24 часа.
Фон дер Лајен без резултати се врати од посетата на Унгарија во понеделникот, пишува Политико. Таа отиде таму да разговара со премиерот Виктор Орбан, кој очигледно нема намера да прави отстапки.
Унгарија и Словачка, кои се речиси целосно зависни од руските испораки, ќе добијат одложувања од една година, а Чешка шест месеци. Бугарија не доби одложување, наведува Политико.
Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ денеска не се очекува повторно да се сретнат во Брисел. Минатата недела тие три дена неуспешно разговараа за да дадат зелено светло за шестиот пакет, кој потоа треба да го одобри Советот на ЕУ.
Извор: МИА