Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“.
– Вчера повторно ги видовме напади на Русија насочени против цивилната инфраструктура и ова означува ново поглавје во веќе многу сурова војна, истакна Фор дер Лајен во Стразбур, во денешното обраќањето пред Европскиот Парламент.
– Тоа се воени злосторства, категорично изјави шефицата на Еврокомисијата.
– Насочени напади врз цивилна инфраструктура со јасна цел да се исклучат мажите, жените, децата од вода, струја и греење со доаѓањето на зимата, тоа се акти на чист терор, истакна фон дер Лајен.
Претседателката на Комисијата, исто така, ја повтори поддршката на Европската Унија за Украина „колку што е потребно“.
Извор: МИА