Фон дер Лајен: Решени сме да излеземе од зависноста од рускиот гас

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стор, стратешка земја во однос на набавката на гас во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со норвешкиот премиер изјави дека Европската Унија е решена да се ослободи од зависноста од рускиот гас и и се заблагодари на Норвешка за нејзината улога во оваа цел.

-Ќе разговараме за енергијата. Русија ја инструментализира енергијата со месеци, ако не и години, за да врши притисок врз Украина, но и врз ЕУ, и ние сме решени да излеземе од зависноста од рускиот гас, рече фон дер Лајен.

Претседателката му се заблагодари на норвешкиот премиер, и додаде дека неговата земја секогаш била партнер од доверба кога и бил потребен гас на Европската Унија. Гасот за ЕУ е важен рече таа, но е транзициски извор на енергија, бидејќи конечната цел на ЕУ е да се сврти целосно кон обновливите извори на енергија до 2055.

-Тоа е стратешка инвестиција во нашата независност, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со Стор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски