По разговорите со британскиот премиер Борис Џонсон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека преговорите меѓу Брисел и Лондон ќе продолжат.
– И покрај заморот по речиси една година разговори и покрај прекршувањето на сите рокови, заклучивме заедно дека во моментов е единствена одговорно е да продолжиме понатаму,, вели Фон дер Лајен.
Во своето вонредно обраќање од Брисел, таа истакна дека ЕУ и Велика Британија заедно им дале мандат на своите преговарачи да ги продолжат преговорите и да видат дали е можно да се постигне договор во „овој доцен момент“.
Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за главните нерешени прашања за идните односи продолжуваат на ниво на главните преговарачи, Мишел Барние и Дејвид Фрост, во живо во Брисел.
Недела, како „краен рок“ беше договорена минатата недела за време на посетата на Борис Џонсон на Брисел и средбата со Урсула фон дер Лајен.
На состанокот беше констатирано дека двете страни стекнале „јасно разбирање за нивните меѓусебни позиции“, но дека ситуацијата во врска со постигнувањето договор „останува тешка“ и дека „основните пречки не се надминати“.