Фон дер Лајен: ЕУ извезе над милијарда вакцини, во Унијата вакцинирани над 75 отсто

Од:

Во ЕУ повеќе од 75 проценти од возрасните граѓани се веќе целосно вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека до денеска, ЕУ извезла повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 150 земји во светот. ЕУ е најголемиот извозник на вакцини, рече претседателката на Еврокомисијата. Според неа, секоја втора вакцина произведена во Европа била за извоз.

Фон дер Лајен објасни дека целта е до следната година 70 проценти од луѓето ширум светот да бидат вакцинирани против новата болест. Таа потсетува дека Ковид-19 може да се победи само со борба насекаде и најави дека ЕУ ќе донира најмалку 500 милиони дози за најзагрозените земји во следните неколку месеци.

Претседателката на ЕК, исто така, најави дека победата над глобалната пандемија ќе биде тема на состанокот на лидерите на Г20 на самитот во Рим следната недела.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски