Фон дер Лaјeн бара нови кандидати од Романија и Унгарија

Од:

Претседателката на идната Европска Комисија, Урсула фон дер Лaјeн, го доби писмото од Европскиот Парламент во кое се отфрлаат кандидатите за комесари од Унгарија и Романија, и очекува нови имиња.

Информацијата дека писмото од Европскиот Парламент стигнало до фон дер Лaјeн го потврдија портпаролските служби на Европската Комисија.

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, ја информирал претседателката на Европската Комисија дека Унгарецот Ласло Трочањи и Романката Рована Плумб се неприфатливи предлози за европратениците поради утврден конфликт на интереси од страна на комисијата за правни прашања на ЕП.

Фон дер Лејн побарала денеска од владите во Будимпешта и Букурешт да и предложат нови кандидати.

Според непотврдени информации во Брисел, Унгарија се подготвува да го предложи сегашниот унгарски амбасадор при ЕУ, Оливер Вархелји. Според информациите на Политико Европа, Вархелји е „лојален“ на Виктор Орбан и „тврд“ поборник на политиката на унгарската влада во Брисел.

Фон дер Лејн прифати Унгарија да го добие портфолиото проширување и соседска политика. Нарушената состојба со владеењето на правото во Унгарија би можела сепак да биде пречка и за овој нов кандидат да го добие проширувањето.

Сослушувањето на унгарскиот кандидат е предвидено утре, за сега нема потврда дали Вархелји ќе седне на столчето во комисијата за надворешни работи на ЕП или дали ќе има промени во агендата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски