„Фолксваген” одлучи да стави крај на судскиот спор стар осум години, кој го водеше компанијата против јапонскиот „Suzuki” поради кршење на авторските права. Проблемот се појави во 2004 година, кога „Сузуки” ја искористи ознаката „GTI” на своите модели.
Станува збор за спортската верзија на „Sfift”, кој така го доби називот „Sfift GTI”. После осум години гомилање на хартија во судницата, Германците изгледа сфатија дека нема да го добијат спорот и дека им е полесно само да се откажат од тужбата.
Пресвртница во процесот се случи кога Врховниот суд на Европската унија изрази став дека „GTI” ознаката не може да се меша со таа на „Фолксваген Голф GTI.”
После тоа, „Фолксваген”, инсистираше, сепак да се донесе пресуда, но веќе тогаш беше јасно дека спорот е изгубен и адвокатите беа повлечени.
Оваа вест доаѓа како продолжение на арбитражната војна која се води меѓу двете компании, која започна кога „Фолксваген” презеде 20% од акциите на „Сузуки” пред две години за 1,7 милијарди евра, што тогаш беше дел од соработката меѓу двата производители.
Набрзо после тоа, „Сузуки”, инсистираше превземениот дел од сопственоста да му се врати, што „Фолксваген” не го направи.