„Фокс њуз“ го прекина преносот од Конгресот додека траеше излагањето на менаџерот за импичмент

Од:

Американската телевизија „Фокс њуз“ го прекина преносот од излагањето на менаџерот за импичмент, демократскиот конгресмен Ерик Сволвел среде неговата реченица додека ги презентираше драматичните видео снимки од упадот во Капитол Хил минатиот месец.

– Политичката математика не се совпаѓа. Демократите немаат гласови, но продолжуваат со нападите, изјави вчера Џес Вотерс, водител на „Фокс њуз“, по прекинот на преносот во живо.

Западните медиуми објавија дека овој инцидент претставува драматична илустрација за она со што се соочуваат телевизиските мрежи кои им се обраќаат на приврзаниците и кои го поддржуваат поранешниот американски претседател Доналд Трамп во текот на неговото второ судење за импичмент во Сенатот.

„Фокс њуз“, заедно со останатите американски телевизии, вчера речиси пет часа во живо ги пренесуваа претставниците во американскиот Конгрес кои изнесуваа обвинувања против Трамп, но кога претставникот на Калифорнија Ерик Сволвел прикажа видео запис од камерите, кој досега не е виден и на кој се гледа како еден демонстрант напаѓа полицаец, тогаш телевизијата го прекина емитувањето и продолжи со разговорот на аналитичарите во студиото, од кои четворица застапувале ставови против импичментот.

Портпаролка на „Фокс њуз“ немала коментар во врска со прекинот на преносот и изборот на програмата.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД