Флорида ги повика жителите да го почитуваат правилото за социјално дистанцирање

Од:

Поради епидемијата од коронавирус, властите во Флорида ги повикаа жителите да држат физичко растојание во должина од „еден крупен алигатор“.

Соопштението е испратено овој викенд од властите на округот Леон.

„Потсетуваме дека за време на Ковид-19 треба постојано да држете растојание од другите луѓе колку еден крупен алигатор“, се вели во Фејсбук статус на округот.

Статусот веднаш стана популарен по социјалните мрежи и предизвика повеќе коментари.

„Прошетка со алигатор навистина ќе помогне да се создаде социјална дистанца“, напиша еден коментатор.

САД се прва земја во светот по инфекции од коронавирус, со речиси 340 илјади заболени, 9.654 смртни случаи, додека повеќе од 17 илјади се излечени, според податоците на „Џон Хопкинс“, водечки центар за медицински истражувања.

Претседателот Доналд Трамп укажа дека високите бројки се благодарение на активното тестирање на населението; до денес во САД се направени 1.6 милиони тестирања од коронавирус.

Во сојузната држава Флорида има забележано 12.350 случаи на коронавирус, а од болеста починале 221 лице.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени