„Флајтрадар“: Авионите на руското воено воздухопловство ги исклучиле транспондерите да прикријат борбени операции

Од:

Како што пренесуваат медиумите, утринава се слушнале експлозии во Киев, Днепар и Лвов, во Одеса е прогласена воздушна опасност, а според информациите од теренот има мртви и ранети.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од веб-страницата „Флајтрадар“, која го следи движењето на авионите, цивилни и воени.

Според извештаите, се чини дека руските воени авиони ги исклучиле своите транспондери, па тие не можат да се видат на цивилните радари, а не се видливи за другите авиони во близина.

Транспондерите служат како GPS сигнал, имаат единствена шифра која ја испраќаат до радарите и авионите околу нив за да имаат информации за кој авион се работи.

Авионите на руското воено воздухопловство ги исклучиле транспондерите, а според експертите ова е стандардна процедура кога сакате да ги прикриете борбените операции и се поставува прашањето што уште подготвува руската армија.

Бидејќи досега беа нападнати инфраструктурни цели, вклучително и метрото и термоцентралите, експертите претпоставуваат дека ќе продолжат нападите врз важни цели поврзани со војската, енергијата, логистиката, патиштата итн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО