Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада

Од:

Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен.

Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро.

-Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти.

Ураганот Сенди во 2012 година помина низ 24 држави на САД, и цело источно крајбрежје, предизвикувајќи штета од 79 милиони долари.

Заклучно денеска наутро, Фиона беше речиси 2.000 километри од бреговите на Нова Шкотска, и оваа област веќе се подготвува за силна бура со историски пропорции, јави медиумот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка