Финскиот премиер: Светот е на прагот на Студена војна

Од:

Финскиот премиер Александер Стуб изјави дека судирите во Украина го доведоа светот во состојба идентична на периодот од Студената војна.

-На повеќе начини ние се наоѓаме на прагот на Студена војна- рече тој и додаде дека наспроти загрижувачката ситуација во Украина, безбедноста на Финска не е радикално променета.

Според неговите зборови, Финска има два билети во рацете, мора да ја следи европската политика и да се обиде да ги задржи „добрите билатерални односи“ со рускиот сосед.

Тој нагласи дека Финска не треба да се најде во сивата зона во која беше и во тек на Студената војна и изрази уверување дека економските санкции се најефикасниот начин за реакција против улогата на Русија во украинската криза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Петери Орпо: Не се плашиме дека Финска ќе биде вовлечена во војна, подготвени сме за најлошото

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања