Финскиот премиер најави повлекување

Од:

Финскиот премиер Јурки Катаинен синоќа соопшти дека во јуни ќе се повлече од функцијата, јави Танјуг.

Тој соопшти дека нема да се кандидира за нов мандат за претседател на конзервативната партија Национална коалиција, чиј конгрес се одржува во јуни, што во пракса значи дека тој веќе нема да биде премиер на Финска.

Катаинен, кој својата партија ја води повеќе од десет години, а коалициската Влада од 2011 година, рече дека повеќе е заинтересиран за задачи на меѓународен план, како на пример членство во Европската комисија или нешто слично.

Би можело да ве интересира

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Петери Орпо: Не се плашиме дека Финска ќе биде вовлечена во војна, подготвени сме за најлошото

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања