Финскиот премиер ја нуди својата куќа за сместување на бегалците

Од:

Премиерот на Финска, Јуха Сипила, изјавил дека ќе им ја понуди на бегалците својата куќа за сместување. Сипила соопштил дека станува збор за негова куќа во Кемпеле, на северот на Финска, која малку ја користи и во која ќе бидат сместени барателите на азил од почетокот на следната година.

„Сите треба да се погледнеме во огледало и да се запрашаме како можеме да помогнеме“, вели премиерот за финската телевизија „ЈЛЕ“.

Сипила, кој со својот гест сакал да даде личен пример и да покаже дека е потребно да се преземе одговорност, ги повикал и верските и хумантираните организации во земјата да помогнат со сместувањето на бегалците.

Инаку, финската Влада, вчера ги удвоила проценките за бројот на баратели на азил кои ги очекува оваа година на 30.000 лица.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски