Финска стартува програма за исплата на „плати“ на невработените

Од:

Финска започна со реализација на експериментална програма со кој се предвидува на секој невработен Финец да ми се исплатува надомест во висина од минималната месечна плата од 560 евра.

Целта на овој социјален експеримент е намалување на државната бирократија и на сиромаштијта, како и зголемување на вработеноста.

Финска е прва држава во Европа која воведува ваков пилот-проект, кој би требало да трае две години.

Во рамки на овој проект на 2.000 случајно избрани невработениФинци веќе им е исплатен надоместот во висина од 560 евра.

Директорката на владината Агенција за социјални прашања. Марјука Туринен изјави дека во рамки на проектот пари ќе добиваат сите невработени „без разлика на се“.

– Можат да останат дома и да лежат на своите каучи и да не работат ништо доколку им е доволеа овој основен надомест. Но, можат и да се вработат со скратено работно време или да иницираат сопствен бизнис, изјави Туринен.

Би можело да ве интересира

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Петери Орпо: Не се плашиме дека Финска ќе биде вовлечена во војна, подготвени сме за најлошото

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања