Финска одобри изградба на трајно складиште за нуклеарен отпад

Од:

Финската Влада денеска даде „зелено светло“ за изградба на трајно складиште за нуклеарен отпад во светот за следните 100.000 години.

– Владата и даде лиценца на компанија Позитива ЛТД, за изградба на тој објект, се вели во соопштение.

Подземните тунели, каде ќе се сместува радиоактивниот отпад се спуштаат на длабочина од 400 и 450 метри, недалеку од нуклеарната електрана Олкилуто во местото Еурајоки на запад во Финска.

Во тек е испитување на цврстината на тлото на местото каде отпадот ќе биде складиран околу 100.000 години, што е на нивото на кое неговата радиоактивност опаѓа.

Се проценува дека одржувањето на тоа складиште во следните 100.000 години ќе ја чини Финска 3,5 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Петери Орпо: Не се плашиме дека Финска ќе биде вовлечена во војна, подготвени сме за најлошото

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања