Финска министерка поднесе оставка поради „Гринпис“

Од:

Финската министерка за меѓународен развој Хејди Хаутала, одговорна и за државните компании, денеска поднесе оставка. Таа призна дека нејзинот заменик и еден висок вработен во Министерството ја убедиле компанијата „Арктиа шипинг“ да го повлече обвинението против активисти на „Гринпис“, кои минатата година се качиле на два мразокршачи.

На државната фирма ѝ било предложено да го надмине спорот со „Гринпис“ по вонсудски пат. Самата Хејди Хаутала, член на Сојузот на зелените и многу блиска до „Гринпис“ и други еколошки организации, негира дека имала за цел да го заштити „Гринпис“. Премиерот на Финска Јурки Катаинен ја прифати оставката.

Би можело да ве интересира

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Петери Орпо: Не се плашиме дека Финска ќе биде вовлечена во војна, подготвени сме за најлошото

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања