Германскиот автогигант „Дајмлер“ денеска соопшти дека склучил договор со финската компанија „Валмет Аутомотив“, со кој се предвидува во погоните на оваа фабрика во Финска да започне производство на новиот модел на „Мерцедес“ од класата А.
Со договорот со „Валмет аутомотив“, „Дајмлер“ ќе ги зголеми производните капацитети за овој модел, кој ќе биде лансиран на пазарот кон средината на септември, се наведува во соопштението.
Согласно со договорот финската компанија во периодот од 2013 до 2016 година ќе треба да произведе над 100.000 автомобили од марката на „Мерцедес“.
„Дајмлер“ во соопштението посочува дека се решил на ваквиот потег поради зголемениот број нарачки на автомобилите од класата А на „Мерцедес“, кој во моментот се произведуваат во фабриките на оваа компанија во германскиот град Раштат и во унгарскиот Кечкемет.