Финските власти одлучија да затворат уште 18 постојани и привремени бегалски прифатни центри, информира финската служба за миграција, цитирана од ТАСС.
Оаа одлука конкретно се однесува на четирите постојани центри за бегалци во Хелсинки, Куусамо, Лапајарви и Суоненоки. Тие ќе привршат со својата работа до крајот на август. Освен тоа, нема да се продолжуваат договорите за сместување на бегалци во 12 привремени центри. Исто така, ќе се затворат и два центра за малолетници.
Сите центри ќе престанат да примаат бегалци во текот на оваа пролет или најдоцна до лето.
Со оваа одлука се затвораат околу 3.000 сместувачки места за мигранти.
Служба за миграција подвлекува дека во овој момент финските прифатни центри се пополнети со 85 проценти од капацитетите. Во јануари и февруари веќе беа затворени вкупно десет бегалски центри, а Министерството за внатрешни рабопти соопшти дека до есен веројатно ќе бидат затворени уште бегалски центри.
Според податоците на миграциската служба, во 2015 година во Финска влегле околу 32.500 бегалци, главно од Ирак, додека во 2014 година во земјата пристигнале само околу 4.000 бегалци.