Финска ќе може да пружа или да побара воена помош од земјите-членки на ЕУ

Од:

Председателот на Финска, Саули Нинисто денеска го потпиша Законот со кој земјата ќе може да пружа или да побара воена помош од земјите-членки на Европска унија.

Новиот закон ќе се применува при „решенија, кои се поврзани со искористувањето на значителни воени ресурси и може да доведе до употреба на воена сила“.

– Законските измени ќе стапат во сила на први јули и ќе ја засилат соработката меѓу Финска и Шведска во сферата на одбраната, посочи Нинисто.

Одлуките за пружање или добивање на воена помош ќе бидат носени од претседателот или од Владата на Финска, а ако станува збор за учество во воени дејствија, таквата одлука ќе се донесе во консултација со парламентарната комисија за надворешна политика.

До сега Финска може да соработува со други држави во сферата на безбедноста само на ниво на полиција и на разузнавањето.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ