Финска истрела предупредувачки подводни проектили кон сомнитена подморница

Од:

Финската морнарица денеска истрела предупредувачки подводен проектил кон сомнителна подморница во водите во близина на Хелсинки, а инцидентот доаѓа во монент на зголемување на воените тензии со првиот сосед – Русија, пренесе Танјуг.

Морнарицата соопшти дека во вчера и повторно утринава забележала подводна цел и дека биле истрелани неколку проектили на предупредување.

-Бомбите немаат за цел да ја оштетат целта, туку само целта да дознае дека е забележена, рече финскиот поморски офицер Олави Јантунен за локалните медиуми.

Финска со Русија делат 1.340 километри долга граница и Хелсинки е се повеќе загрижен од однесувањето на својот моќен сосед, пред се, заради налетот на руски авиони и воени вежби во пограничната зона.

Финскиот министер за одбрана, Карл Хаглунд, не прецизира дали Русија била вклучена во инцидентот, туку наведе дека целта можела да биде и подморница и дека веројатно го напуштила подрачјето, додавајќи дека Финска ретко користи такви мерки за предупредување.

-Цврсто се сомневаме дека дојде до подводни активности кои таму не се  предвидени. Секако, секогаш е сериозно доколку нашите територијални води се загрозени, рече Хаглунд за финската агенција СТТ.

Претходно бо текот на овој месец во регионот беа забележени регионални тензии што беше причина за заедничкото соопштение, без преседан, на нордиските земји – Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд, а кое директно се однесуваше на Русија како „предизвик“ и причина за зголемување на одбрабената соработка.

Русија веднаш возврати изјавувајќи дека потезите на Финска и Шведска кон „поблиски врски со НАТО“  се од „посебен интерес за Москва“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски