Финец казнет со 54.000 евра за брзо возење

Од:

Нема никакво сомнение дека во Финска е исклучително скапо да се пречекори дозволената брзина во сообраќајот, посебно доколку станува збор за возачи со високи приходи, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Висината на казните за брзо возење се определува во сооднос со приходите на возачот на годишно ниво.

За бизнисменот Реима Куисла пресметката завршила со казна од 54.000 евра. Откако бил казнет Куисла на Фејсбук го изразил своето незадоволство поради високата драконска казна која му била изречена поради тоа што возел 103 километри на час на делница на која максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Ова е, значи, финска правда… Сега размислувам да се преселам во странство, напишал меѓу другото Реима Куисла, според весникот „Илталехти“.

Но, надлежниот фински орган сепак не пресметал погрешно. Со годишни приходи од преку пет милиони евра, колку што Куисла пријавил во свјата даночна декларација, висината на изречената парична казна што ја добил, согласно важечките законски прописи во Финска, е сосема коректна. 

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски