Индепендент – Лондон
Финска во пследниве пет месеци на две илјади свои граѓани им дава безусловен приход, и некои веќе ја гледаат користа од програмата, пријавуваат помалку стрес, поголема иницијатива за да најдат работа и повеќе време за спроведување на идеи за бизнис.
Оваа шема е прва од тој вид во Европа во која учесниците добиваат по 560 евра секој месец во следните две години.
Учесниците не мора да демонстрираат дека бараат работа и не мора редовно да ги известуваат властите за да докажаат дека сеуште им требаат средства, како што е случајот со стандардните бенефити од невработеноста. Тие можат да ги потрошат парите како сакаат.
По оваа пилот програма, ако учесниците најдат работа, тие ќе продолжат да ја добиваат стипендијата, со што се отстранува едно од ограничувањата на сегашниот систем за социјална помош – незаинтересираноста да се најде работа. Оваа пробна програма е мерка која ја водведе десно-центристичката влада за да се справи со проблемот со невработеноста во Финска.
Јуха Јарвинен, невработен млад татко од селце во близина на Јурва, во западна Финска, беше избран по случан избор за да прима стипендија почнувајќи од јануари годинава. Тој за Економист изјави дека за разлика кога примал стандардна социјална помош, сега активно бара работа.
Претходно му биле понудени неколку привремени работни позиции, но ако ги прифател немало да има смисла затоа што со тоа во опасност ќе дошла неговата социјална помош. „Тоа е толку налудничаво, и затоа никој не сакаа воопшто ни да прифати работа“, рече тој.
Тој исто така е во процес да започне свој бизнис, помалку е под стрес и повеќе не мора да минува низ „глупавото шоу“ на пополнување на формулари и да оди на интервјуа со службениците од агенција за вработување.
– Уметник сум и претприемач. Понекогаш сум премногу активен, што немам време да сопрам, објансува тој.
Сепак, не се сите импресионирани од пилот шемата. Во феврураи, најголемиот фински синдикат изјави дека експериментот е неодржлив, и тоа ќе поттикне многу луже да работат помалку, а платите во непосакуваните професии ќе се качуваат.
– Сметаме дека ова ја води социјалната политика во погрешен правец, рече за Блумберг Ика Каукоранта, главен економист во Централната организација на финските синдикати.
Асоцијацијата, која има речиси еден милион членови, или една петтина од финското население, се изјаснија дека моделот кој се тестира е „неверојатно скап, затоа што тоа ќе го зголеми владиниот дефицит за скоро пет проценти“ од БДП.
Во март во Онтарио, најголемата провинција во Канада, беше најавено започнување на слична пробна шема за универзален основен приход.
Премиерот на Онтарио, Кетлин Вајн, рече дека ваквата програма е потребна за да се справат со „новите предизвици“ кои го создава модерната економија.