Финансиската директорка на Хуавеј ослободена со кауција

Од:

Суд во Канада ја ослободи со кауција од седум милиони долари финаниската директорка на Хуавеј, Менг Ванжу која пред десетина дена беше уапсена по налог на САД кои бараат нејзина екстрадиција.

Судијата изјави дека, според закон, САД имаат 60 дена да ги испратат сите неопходни документи за барањето за екстрадиција. Ако документите не бидат испратени до 8 јануари 2018, Менг Ванжу може да биде ослободена.

Таа беше уапсена на 1 декември во Канада, по барање на САД поради сомневања за измами поврзани со наводно нарушување на американските санкции против Иран.

Кина претходно ја предупреди Канада дека ќе има „сериозни последици“ ако итно не ја ослободи финансиската директорка на Хуавеј, која е ќерка на основачот на кинеската компанија, Рен Женгфеи .

Ако биде екстрадирана во САД, Менг ќе биде обвинета за заговор со цел измама на повеќе финансиски институции. За секоја точка од обвинението се предвидува казна до 30 години затвор.

Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата Хуавеј поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД.

Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон.

За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања