Филипинскиот претседате Акино преживеа три барања за импичмент

Од:

Филипинскиот Парламент денеска дефинитивно ги отфрли трите барања за импичмент на претсдателот Бенињо Акино, а со оваа одлука му овозможи на претседателот уште една година да работи без можност од него да се бара оставка, или сменување.

Опозицијата, која има убедливо помал број членови во преставничкиот дом, го обвинуваше претседателот Акино за негрижа во водењето на државните работи и за неуспешниот проект за прераспределба на државни субвенции и дотации. Третото обвинување е поради договорот што Филипините го потпишаа са САД во мај годинава. Спорд овој договор, сите три рода на американските воени сили имаат право на речиси неограничен престој и користење на филипинските воени и поморски бази.

Сметајќи на сеуште присутното антиамериканско расположение во јавноста, опзиционерите го покренаа барањето за импичмент сметајќи и на поддршка на дел од пратениците кои јавно покажуваа незасоволство од работата на филипинскиот претседател, но во гласањето за Акино гласаа 54, а против само 4 пратеници.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати