Документарниот филм „2016: Америка со Обама“ со мрачно предвидување што ќе се случи доколку Барак Обама освои уште еден мандат, ги полни кино салите ширум Америка.
Овој викенд филмот се искачи од 13. на на седмото место, заработувајќи 6, 5 милиони долари.
„Документарниот филм дојде од никаде и ги запали благајните на кино салите“, е насловот во „Вашингтон пост“ кој го означи филмот како „најуспешен конзервативен политички документарен филм на сите времиња“.
Филмот најпрво почна да се прикажува во неколку одбрани кино сали во јули, а сега е хит во над 1.000.кино сали. Докемнтарниот филм е базиран на книгата „Корените на бесот на Обама“ на конвербативниот автор Динеш Д’ Соуз во кој тврди дека претседателот наследил левичарски и антиколонијален поглед на светот од својот татко, и ако биде повторно избран за претседател ќе се сврти кон социјализмот и ќе ги доведе САД до банкрот.