Филипинско-американски воени вежби во Јужно Кинеско Море

Од:

Филипинската армија и воената морнарица на САД денеска ги почнаа 12-дневните воени вежби во Јужно Кинеско Море.

Воените вежби се одржуваат во непосредна близина на границата во делот на морето врз кое Кина прогласува целосен суверенитет, со што не се сложуваат Филипините и повеќето држави што имаат брег на морето богато со резерви на нафта и на гас и кое е еден од најважните меѓународни коридори за транспорт на стоки.

Портпарол на филипинската морнарица изјави дека локацијата на најновите заеднички маневри со маринците од САД не е избрана за да се провоцира Кина, но набљудувачите укажуваат дека токму во овој дел на Јужно Кинеско Море големи воени вежби деновиве изведува кинеската воена морнарица и авијација.

Одржувањето на вторите заднички воени вежби се случува по потпишувањето на новиот договор за воена соработка меѓу Филипините и САД, кој при азиската тура во април годинава американскиот претседател Барак Обама го прогласи за еден од поголемите успеси на неговата администрација.

Индиректно, САД најавуваат дека ќе избере страна во случај на воен судир предизвикан поради спорот за сувереност над Јужно Кинеско Море, но повеќето држави од регионот, на последниот годишен состанок на шефови на држави и влади АСЕАН отворено се спротиставија на туѓо мешање во спорот со Кина.

Покрај Филипините, кои заспорот околу сувереноста побараа и посредување на меѓународниот Суд на ОН за морско право, за сувереноста над водите на Јужното Кинеско Море спорат и Виетнам, Тајван, Брунеи и Малезија. Во последниве две години имало десетици посериозни инциденти меѓу кинеската воена морнарица и рибарски и теретни бродови од државите што сметаат дека имаат право на сувереност во спорните води. По одлуката на Кина да започне изградба на нафтени платформи во спорните води, во Виетнам, во јуни годинава избувнаа големи антикинески демонстрации при што беа убиени пет, а избегаа неколку илјади работници и менаџери на фабрики изградени со кинески капитал.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони