Филипинско-американски воени маневри со политички пораки

Од:

На Филипините ќе се одржат заеднички копнено-поморски воени маневри во кои, како што е најавено, ќе учествѕваат десетици илјади припадници на армите на Филипините и САД.

Маневрите започнуваат во понеделник и ќе траат десет дена.

Воените вежби на традиционалните сојузници се оддржуваат во период на прилична затегнатост на односите меѓу Филипините и Кина и обновувањето на вооружените судири на армијата со муслиманските бунтовници на југот на филипинскиот архипелаг. Поради тоа аналитичарите сметаат дека тие се и значајна политичка порака за стратешките определби на САД и нивните сојузници од регионот.

Десетдневните воени маневри, со учество на два пати повеќе војници од колку минатата година се и резултат на договорот за зајакнување на воената соработка меѓу САД и Филипините, што на почетокот на годинава во Манила го потпишаа претседателите на двете земји Барак Обама и Бенињо Акино.

Пред потпишувањето на овој договор воената соработка меѓу двете држави беше значајно намалена во однос на онаа од последните децении на минатиот век. Причина за тоа беше филипинската одлука да го откаже гостопримството на американските поморски и воздухопловни сили во двете до тогаш најголеми воени бази на американската армија надвор од територијата на САД.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени