Филипинските власти се договорија со бунтовниците од ИФОМ како да ги делат приходите во новиот автономен реон

Од:

Филипинската влада и најголемата муслиманска бунтовничка група „Исламски фронт за ослободување на Моро“ -(ИФОМ) постигнаа важен договор за распределување на финансиските приходи во идниот нов муслимански автономен реон, пренесоа американските медиуми.

Владините преговарачи и ИФОМ, во заедничко соопштение, наведоа дека потпишале спогодба како да си ги распределуваат приходите од даноци, горива и ископ на руда.

Преговорите се оддржаа во Малезија, која со години наназад има посредничка улога во спорот. Целта на преговорите беше по мирен пат да се надмине најдолготрајната муслиманска бунтовничка кампања во југоисточна Азија, која досега го одзеде животот на над 120.000 лица.

Спогодбата е втор од четирите клучни договори, што претстојат за склучување согласно мировниот план, што предвидува поширока автономија за муслиманското малцинство во јужните реони на главно католичките Филипини.

Останатите прашања за надминување, што исто така се доста сложени, се однесуваат на поделбата на власта и програмата за разоружавање на бунтовниците, кои евентуално ќе бидат интегрирани во регионалните полициски сили на новиот автономен реон.

Реонот ќе се нарекува Бангсаморо, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски