Филипинските муслимани против насилство и тероризам

Од:

Верските лидери од муслиманската религија, на која и припаѓаат над шест милиони жители на Филипините, издадоа упатство според кое во проповедите во џамиите и верските училишта треба да се засилат пораките против насилството и тероризмот.

Апелот е издаден по повод гласините дека група муслимански радикали најавиле формирање на исламски калифат на островот Минданао, на кој муслиманите се доминантно население, а каде политичкото крило на МОРО Исламистичкиот фронт со централните власти на државата издејствува прогласување на автономија на јужниот дел на филипинскиот архипелаг.

Филипинските медиуми деновиве јавуваат за редица акции за демонстрација на верската толеранција на Филипините, особено на југот на државата и во главниот град Манила. Првпат, празникот Бајрам на Филипините беше прогласен за неработен ден во целата држава, а најголемите прослави на светиот ден за муслиманите на островите Минданао и Цебу беа организирани во касарните на филипинската армија лоцирани на југот на државата.

Над 90 посто од 100 милионското население na Филипините припаѓа на римокатоличката вероисповест, а муслиманското население најмногу е концентрирано во јужниот дел на филипинскиот архипелаг, на границата со Малезија.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони