Филипинскиот претседател се откажа од намерата да бара втор мандат

Од:

Угледниот филипински весник „Манила инквајер“ денеска објави дека од претседателската палата Малаканг добиле деманти на најавата дека претседателот на Филпините ќе побара промена на Уставот, со која би добил право по вторпат да се кандидира за шеф на државата.

Според портпаролот на претседателот Бенињо Акино, во телевизиската емисија од минатата недела на популарниот Канал 5, Акино не рекол дека ќе бара уставни промени, туку дека само размислува дека за Филипините би било добро тој да е на чело на државата уште еден шестгодишен мандат.

Во прилично емотивната изјава на портпаролот, упатена до традиционално емотивните филипински граѓани, тој вели дека Акино сегашниот Устав на Филипините го смета и како семејно наследство. Важечкиот Устав е донесен по иницијатива на мајката на сегашниот филипински претседател, Корасон Акино, која во 1986 година, по соборувањето на диктаторот Маркос шест години раководеше со Филипините.

Аналитичарите на политичките состојби на Филипините сметаат дека брзата реакција од претседателската палата дојде поради страв од можни големи протести на Филипинците.

Во Парламентот на Филипините група пратеници на неколку пати покрена иницијатива за уставна промена со која се дозвлува претседателот на државата да има право на уште еден мандат, но мнозинството одбиваше овој предлог да влезе во парламентарна процедура.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони