Филипинскиот претседател Акино, засега, се откажува од втор мандат

Од:

Актуелниот претседател на Филипините Бенињо Акино, чиј мандат истекува во 2016 година, а според Уставот нема право втор пат да се кандидира, денеска повторно го актуелизираше ова прашање, наведувајќи дека нема ништо против тоа да се променат уставните одредби што би му овозможиле по втор пат да биде на чело на државата, но дека тој лично не би бил среќен уште пет години да се занимава со најтешките проблеми што и сега ги има.

Акино е трет по ред врвен филипински политичар од семејството и овдешниве медиуми често го именуваат како Акино Третиот. Неговот татко беше најпознат противник на диктаторот Маркос, а мајка му, Корасон Акино, е првиот филипински претседател по рушењето на Маркос. Таа е автор на делот на Уставот на Филипините ко јпретседателите ги ограничува на само еден мандат.

Сгашниот филипински претседател во последниве два месеци игра топлло-ладно со јавноста, која ја нарекува „ моите пријатели’’. Прва пат во една ТВ емисија соопшти дека би било добро да биде на чело на државата која во следните шест години треба да стане еден од економските џинови о Азија, но по јавната анкета во која беше соопштен пад на неговата популарност, почна да ги бара лошите страни на претседателствувањето. Според него, најголема сопирачка за реализација на големи политички и економски идеи на Филипините се Врховниот и Уставниот суд кои, вели тој, почнале да се мешаат во сите сегменти на политиката.

Евентуалната одлука за промени во уставните определби за дозвола претседателот на Филипините да има право на уште еден мандат ја носи Парламентот, но Врховнот и Уставниотсуд имаат право на вето на ваквото решение. 

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони