Филипинскиот информативен портал Реплер доби налог за затворање

Од:

Филипинскиот информативен портал Реплер (Rappler), чиј коосновач е минатогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир Марија Реса, добил наредба да се затвори. Но, Реса вели дека тие ќе продолжат да работат.

Наредбата за затворање на овој портал стигна на ден пред истекот на мандатот на претседателот Родриго Дутерте.

Реса беше остар критичар на Дутерте и неговата „брутална војна“ против дрогата започната во 2016 година, а нејзината онлајн-протформа беше неколку пати кривично гонета и доби бројни закани.

Филипинската комисија за хартии од вредност во денешното соопштение потврди дека се одземени лиценците со кои се одобрува основањето на Реплер, поради прекршување на ограничувањата за странска сопственост во медиумите.

Таа одлука „го потврдува затворањето“ на онлајн платформата, наведе Реплер, додавајќи дека ќе поднесе жалба на „многу нерегуларната“ процедура.

Сепак, Реса изјави дека порталот ќе продолжи да работи нормално додека трае жалбената постапка и додаде дека може само „да се надева на најдоброто“ кога на власт ќе дојде наследникот на Дутерте, Фердинанд Маркос Јуниор.

Реса, која има и американско државјанство, во октомври минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за напорите за „зачувување на слободата на изразување“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод